Press "Enter" to skip to content

Весна Лозановска менаџер во “Нуга Бест“ во  Битола: роденденска прослава со подароци бесплатни третмани и промоции за битолчани

Наташа Мустафа

“Нуга Бест напредна медицинска опрема во служба на вашето здравје.“ Со овој слоган пред една година на 22 јануари 2020 беше отворен салонот на “Нуга Бест“ во Битола на улица “Борка Левата“ (во близина на Дрвен Пазар). Оваа година првиот роденден го прославуваат скромно заради пандемијата, но со многу изненадувања, бесплатни третмани и промоции за битолчани. Тоа беше повод да поразговараме со Весна Лозановска менаџер на “Нуга Бест“ во
Битола.

Здравјето е најголемо богатство и нема ништо поважно од него на овој свет. Сите тоа го увидовме во оваа 2020 година на пандемија. Оваа напредна медицинска опрема која ја нудиме во “Нуга Бест“ претставува спој на модерната наука и технологија овозможувајќи на сите да имаат корист за подобрување на здравјето и превенција од болести. Една година постоење на “Нуга Бест“ во Битола со што ќе ги почестите своите клиенти и сите битолчани?

-По повод роденденот на “Нуга Бест“ на 22 јануари ќе имаме три дена (21, 22,
23 јануари) бесплатни третмани со цел што поголем број клиенти имаат можност да ги пробаат производите и да се запознаат со “Нуга Бест“ филозофијата на живеење.

Кажете ни повеќе за брендот “Нуга Бест“?

-“Нуга Бест“ е Јужно Корејска медицинска компанија која ги комбинира принципите на западната и алтернативна медицина. Компанијата Nuga medical произведува производи за превенција и подобрување на здравјето. Распространета е во над 150 земји во светот и брои над 5.500 филијали. Последните 4 години е бренд број 1 во Јужна Кореја.Од каде потекна идејата да се отвори Нуга Бест центар во Битола?

-Се започна со еден обичен разговор со мојот пријател од детството Ивица кој сега е менаџер за “Нуга Бест“ за југоисточна Европа. Од неговото претставување на компанијата станав љубопитна и почнав подетално да истражувам. Во Скопје “Нуга Бест“ постои шест години, а пред една година почна да се шири и по другите градови во Македонија. Па така честа овој бренд да се донесе во нашиот град ја имав јас.

Дали беше потребна храброст да се отвори овој вид на бизнис?

-Храброст секако беше потребна, но верувајќи во квалитетот и здравствените
придобивки од производите на “Нуга Бест“, во кои претходно и самата се уверив, не ми беше потребно многу време за да ја донесам одлуката дека ова е тоа што сакам да го работам и споделам со битолчани.

Во “Нуга Бест“ Битола клиентите можат да добијат повеќе видови третмани со модерна медицинска опрема. Кажете ни повеќе околу ова?

-“Нуга Бест“ производите се медицински помагала за третирање на деформитети во ‘рбетниот столб, астма и алергија, намален имунитет, депресија, несоница и многу повеќе. Креветот “N5“ за топлинска масажа се покажа како многу ефикасна терапија против ревматизам, артритис, болки во вратот, ‘рбетот и сично. Со редовна употреба му помага на телото да го обнови имунолошкиот систем со обезбедување на потребните услови за тоа.“Нуга Бест“ претставува филозофијата на живеење… Како битолчани ја
прифатија?

-Уште од самиот почеток наидовме на многу позитивни реакции и коментари и тоа ми беше уште една голема потврда дека сум ја направила вистинската одлука што го донесов
брендот “Нуга Бест“ во нашиот град.

Деновиве се навршува една година од започнувањето со работа на “Нуга Бест“. Твое мислење од оваа временска дистанца и колку си задоволна?

-По една година имаме многу задоволни клиенти кои ги решиле или ублажиле своите здравствени проблеми и нивните сведоштва се нашата најголема реклама. Да го зачуваме
здравјето на луѓето и да обезбедиме среќен и здрав живот за сите, тоа е нашата мисија.

Твојата улога во Нуга Бест Битола?

-Во бизнисот целосно вклучена сум само јас од менаџирање до извршување на секојдневните
обврски, но секако дека ја имам целосната поддршка од мојот сопруг и синовите.

Дали наоѓаш време за користење на “Нуга Бест“ третманите?

-Дел од производите ги имаме во домот така што секојдневно ги користиме како јас така и сите во моето семејство.

Омилен “Нуга Бест“ производ и кој би го препорачале на клиентите?

-Омилен производ ми е креветот без кој не можам да го започнам и завршам работниот ден и маската за лице која ми помогна со проблемите со мигрената, а го намалува и стресот и процесот на стареење.

2020 година на пандемија, со кои предизвици се соочивте…?

-2020 година беше тешка година за сите нас, но ја издржавме храбро. Голем беше предизвикот да се работи во услови на корона криза. За време на пандемија и корона криза “Нуга Бест“ Битола работи согласно сите мерки на заштита на здравјето на нашите клиенти. Оваа 2020 не научи дека Здравјето е најголемото богатство и нема ништо поважно од здравјето на овој свет. Сега оваа 2021 година да имаме позитивна мисла, љубов и да сочуствуваме со другите луѓе… да правиме добри дела.

Кои се твоите планови и очекувања од 2021 година?

-Најголемото очекување во 2021 е полека но сигурно да исчезне оваа пандемија и да продолжам во градењето на моите цели и визија: поголема посетеност, задоволни клиенти и проширување во нов центар.

За крај што ќе додадете?

-“Нуга Бест“ е посветена да го практикува духот на здравјето, љубовта и нов начин на здрав живот.Дојдете во Нуга Бест за да ја почуствувате и филозофија на живеење. Здрави и задоволни клиенти се наша единствена цел. За нашите промоции можете да следите на нашата ФБ страна “Nuga Best Bitola“.

Фото: Беким Мустафа

More from БитолаMore posts in Битола »