Press "Enter" to skip to content

Горан Козаров, директорот на ЈКП “Водовод“ – Битола: “набилдани“ планови за 2021 година, прв изградба на управната зграда

-Влегуваме во 2021 година која во соработка со Општина Битола ќе биде година на градежна експанзија во Битола, за што плановите се веќе во финална фаза, а според нив Општина Битола на ЈКП “Водовод“ и на останатите јавни претријатија ќе им даде многу работа, го започна брифинфгот со новинарите, директорот на ЈКП “Водовод“ од Битола, Горан Козаров.

-Имавме работа и во 2020 година, во вредност од 8 милиони денари, што не е занемарливо, а тоа кажува дека инвестиции имало. Што се однесува пак до тоа како сум задоволен од досегашното мое работење и на ЈКП “Водовод“ можам да кажам дека прво ќе нагласам дека многу е вложено во човечкиот фактор, во условите за работа во однос на тоа на исполнување на се што е побарано од вработените, како обуки кои се поминати за поефикасно и поквалитетно работење, заштитна опрема, проценка на ризик, односно на сите затекнати проблеми, со што на “Водовод“ му дадовме нов квалитетен правец на работењето, рече Козаров, кој потоа се осврна и на одличните односи до ЈП “Стрежево“.

-Со “Стрежево“ имавме претходно и судски спор околу во кој “Водовод“ плати 1 милион евра. За да нема вакви спорови, заедно со директорот на “Стрежево“ направивме договор, проект кој го прифатија двете страни, со кои се преработија цевководите на пумпните станици да се постават мерачи кои ќе меран независно, не по старски, по формули. Поставени се мерни иструменти и нема замерки од двете страни и сега се плаќа редовно од наша страна. Исто така е решена и сопственоста на цевководот до филтерница “Дихово“. Има и други проблеми но ќе ги решиме.За плановите на “Вододов“ за оваа 2021 година рече:

-Сакам прво да кажам дека “Водовод“ е самофинансирачко претријатие и сите проекти ги реализира со сопствени средства, само од наплата на испорачана вода. Плановите се “набилдани“,односно имаме за оваа година високи цели. Во овие три години имаме реализација на плановите 60-70 проценти, а како резултат на тоа се гледаат позитивните промени во “Водовод“. Од сопствени средства мора да ги споменеме набавката на агрегатот за филтерницата, вредна инвестици за нормално водоснабдување на градот со вода, кој е клучен да се има вода кога ќе нема струја. Има инвестии и други, набавка на лесни и полутешки возила, две градежни машини, а ќе ја промовираме и новата цистерна, донација од Пелагонискиот регион. Асфалтиран е стопанскиот двор, а тоа за подготовка на големиот проект, а тоа е, новата административна зграда, за која Козаров појасни:

-За брзо ќе почне да се гради, а ќе ја гради “Стентон градба“ од Битола по цена од 380 евра по м2, по принцип клуч на рака, што е поволна цена за деловен објект.

Козаров го спомена и заедничниот центар за наплата со двете други јавни претријатија, а “Водовод“ за брзо ќе отвори и нов центар во Нова Битола, а повика и битолчани да плаќаат он-лајн за да се спроведат мерките за заштита од ковид-19, а на битолчани им порача да ги плачаат сметките секој месец, за поголема контрола и полесно измирување на обврските да се избегнат дополнителните опомени, судски спорови. Оние кои имаат неплатена вода да дојдат во “Водовод“ и да направиме договори за плаќање, да нема непотребни судски трошоци, а ние ќе ги отпишиме сите камати по основ на долгови. Но, мора да кажам дека има совесни граѓани, редовно си плаќаат месец за месец.

-Сега инкасаторите ги “читаат“ водомерите редовно, за тоа има “слика“ и има трага во системот, а со тоа има се помалку поплаки од граѓаните, а скоро и да ги нема. Се надевам дека и во иднина ќе има се поголема доверба кон “Водовод“  секако кон другите јавни набавки. Сето ова што е вложено дава позитивен резултат на целото работење на претпријатието, а секако и на намалување на загубите, како и кражбите на вода, како и загубата на вода. Имаме околу 90 проценти наплата на испорачана вода, а од произведерна до испорачана вода има и дел загуба која се пушта во систем “Драгор“ која мора да се испушта, бидејќи таков е системот, гравитационен. За Битола сега има 450 литри во секунда, а при ладни зимски или летни температури се до 650-670 литри вода.

Козаров се осврна и на проблемот со надојдената вода која го оштети сервисниот пат, околу пумпната станица. Санирано е оштетувањето, а напролет ќе се продолжи потпорниот ѕид и да се реши трајно овој проблем.

More from ВестиMore posts in Вести »