Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: “Индијанецот“ кој ги забавуваше битолчани на Широк сокак во Битола (фото)

Ова за што ќе ги потсетам битолчани не е настан кој се случил точно пред 10 година во ова време во Битола, бидејќи се случувал повеќе време, да не речам неколку години, но според мене, а се надевам дека според други, е нешто што заслужува да се најде во рубриката. Во мојот новинарски бележник, го имам запишано пред 10 години во јануари, затоа сега го споменувам, започна со раскажување на своите сеќавања, за тоа то се случувало во Битола, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Во Битола, повеќе години, поточно на Широк Сокак, сите ние битолчани и намерниците во градот имаа прилика да слушаат индијански мелос, кој делуваше смирувачки во дневната гужна на главната улица. Овие пријатни звуци ги “произведуваше“ популарниот “Индијанец“, како го нарекуваа битолчани. Иако подзастанував да го слушам и да разговарам со него, не добив од него многу податоци, освен дека живее во Прилеп и секој ден доаѓа во Битола, а престојувал и во други градови. Некои битолски музичари го ангажираа и во некои нивни проекти, вели кратко Миновски.

-“Индијанецот“, бил или не бил индијанец, сепак беше дел од Широк Сокак, “произведуваше“ пријатни звуци со импровозирана музичка опрема, потоа продаваше и “це-де“ со негови изведби, а покрај на музиката битолчани ќе се сеќаат и по неговата “индијанска“ облека, но пред се како на мирен и пријатен човек, заврши Димче Миновски.

More from БитолаMore posts in Битола »