“Малиот битолски Монмартр“ од Битола и оваа година, а 25 јануари, како и години наназад, ја продолжи традицијата на одбележување на роденденот на Тоше Проески, со слоганот кој е препознатлив за нив, Тоше има само ден на раѓање“. денес не беа доделени наградите на членовите поради ковид-19 мерките, а пред галеријата во старата чаршија во Битола се слушаа песните на Тоше.
-Според востановената традиција, токму на 25 јануари доделуваме награди за членови на детското ликоодвно студио “Св. Кирил и Методиј“, кои на наша адреса пристигнуваат од сите страни на светот, но, овој настан го одложивме, превентивно заради пандемијата. Затоа, пак, пред националната галерија ги слушаме и пееме песните на Тоше, и жалиме за големата загуба, велат од “Мал битолски Монмартр“ од Битола.






