Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: облачно со повремени врнежи, попладне ќе преминат во снег

Денес, вторник, 26 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со повремени врнежи, а попладне ќе преминат во снег, но главно ќе слабеат по интензитет. Попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата. Температурата во Битола до 8°С. 

Утре, среда, 27 јануари, во Битола времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен правец. До крајот на денот облачноста ќе се намали. Температурата во Битола до 1°С.