Press "Enter" to skip to content

Дојдете во “Вила Виста“ да уживаме во погледот и храната и заедно да направиме сеќавања

Ресторанот и пицерија “Вила Виста“ се наоѓа над Дихово, на патот кон Нижеполе на околу 15-тина минути од Битола. Со својата местоположба во подножјето на Баба планина “Вила Виста“ го има најдобриот поглед, кој  се протега од потпелистерието, преку Битола се до Кајмакчалан.

Од терасата на ресторанот се простира  градот Битола со сета своја убавина.

Карактеристично е што  погледот и глетката се  различно  убавии во зависност од тоа во кој дел од денот сте таму, или во зависност од временските прилики.

Чистиот воздух, сонце, сино небо во кои ќе уживате и опуштите далеку од тмурното, магливо  време, а се уште сето надополнето со празнична атмосфера.Со кафе, чај, какао, топло чоколадо може да ја почувствувате магијата на потпелистерието, покрај каминот во “Вила Виста“.  На децата ќе им годи игра на  чист воздух во детското катче со повеќе  можности за забава и игра, а тука е аквариумот кој е магнет за секое дете.Вредните домаќини во “Вила Виста“ посветиле и многу внимание на уредување на дворот, кој во секое време е среден и омилено катче на гостите каде поминуваат дел од времето кога се тука уживајќи во чистиот планински воздух, далеку од смогот во градот.На пушачите затворената тераса им овозможува со кафе да уживаат во глетката која се пружа до Кајмакчалан, додека Битола е “заробена“ во магла.

За сладокусците ресторанот “Вила Виста“ нуди најразлични вкусни јадења и специјалитети, на кои никој не може да остане рамнодушен, а веднаш потоа ќе посака да се врати тука, и повторно да го вкуси планинскиот воздух и храната.Ресторан и пицерија “Вила Виста“ работи по сите пропишани протолоколи за заштита, и нека биде вашиот избор, за заедно да ја направиме зимска приказна.

More from БитолаMore posts in Битола »