Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери кои својата пензија ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола и се корисници на картички, дека можат да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денес (26.01.2021 година).
Пензиите за клиентите кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата:
-За пензии со висина до 11.000 денари, исплата ќе се изврши на 26.01.2021 година (вторник);
-За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплата ќе се изврши на 27.01.2021 година (среда);
-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да ќе изврши на 29.01.2021 година (петок).
Од банката замолуваат за строго почитување на распоредот за подигнување на средствата и во случај на посета на експозитурите клиентите да се придржуваат до сите препораки и мерки за заштита. Држење соодветно растојание, носење заштитни маски и следење на насоките кои ќе бидат дадени.
Истовремено, за сите оние кои користат картички од Стопанска банка а.д. Битола апелираат на тоа да се искористи широката мрежа на банкомати на Банката со цел посетите на експозитурите да се сведат на минимум.






