Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 7 нови позитивни на ковид-19, оздравени 11, активни случаи 156

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19, од кои во Битола се 7.

Регистрирани се 387 оздравени пациенти од кои во Битола се 11.

Во ЦЈЗ Битола се направени 53 ковид тестови, а до денешните бројки во Битоладо сега има 3.203 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 156 случаи.

Починати се 9 лица, еден пациент од Битола на 87 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91555, бројката на оздравени пациенти е 80008, на починати е 2821, а бројот на активни случаи изнесува 8726.