Press "Enter" to skip to content

Битолчанец приведен во случајот “Јавна соба“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се огласи и истакна дека МВР влегло во трага, по што се уапсени две лица во врска со случајот „Јавна Соба“.

-Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот “Јавна соба“, а се преземаат мерки и активности и кон други лица. Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите.“, напиша Спасовски на својот профил на „Фејсбук“.