На 27.01.2021 во СВР Битола, А.Б. (26) од Битола пријавил дека на ул. „Павел Шатев“ во Битола бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.01.2021 во СВР Битола, Х.К. (28) од Битола пријавила дека, додека била на работно место во спортска обложувалница на ул .„Моша Пијаде“ во Битола, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.01.2021 во СВР Битола, В.К.(45) од Битола пријавил дека во градскиот пазар во Битола бил каснат од куче скитник.






