Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ – Битола: се работи на санација на дефект кај кружниот тек кај “Веро“

ЈКП “Водовод“ од Битола известува дека дежурните екипи работат на санација на дефект на водоводната мрежа, профил на цевка PVC160, на кружниот тек кај “Веро“.

Без водоснабдување се “РЕМО“ зградите на улица “Васко Карангелевски“ и дел од улицата “Анести Пановски“.

Од ЈКП “Водовод“ Битола додаваат дека за брзо ќе има нормализирање на водоснабдувањето.