Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Денес, сабота, 30 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во Битола до 9 степени.

Утре, недела, 31 јануари, во Битола, времето ќе биде претежно облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата во Битола до 10 степени.