Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 9 нови позитивни на ковид-19, оздравени 3, активни 170 случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.589 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на Ковид-19 од кои во Битола се 9.

Воедно, регистрирани се 479 оздравени пациенти од кои во Битола се само 3. 

Во ЦЈЗ Битола се  направени 44 ковид тестови.

До сега во Битола се регистрирани 3.229 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 170 случаи.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 92.518, бројката на оздравени пациенти е 81.316, на починати е 2.848, а бројот на активни случаи изнесува 8.354.

 Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби -2, Синлаб-67, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-28, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)-вкупно 821, УК Пулмологија со алергологија-2.

Досега во земјата се направени вкупно 454.608 тестирања на Ковид-19.