Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: на денешен ден советниците во новите простории на 3. кат во Општина Битола (фотогалерија)

-На денешен ден, 31 јануари 2010 година, советниците од Советот на општина Битола ја одржаа првата седница на Советот во новата просторија за седници на 3. кат во тогаш новата зграда на општина Битола, поранешната “Дивизија“ на поранешната ЈНА, има запишани во мојот новинарски бележник како прв позначаен настан за таа година, започна со своите сеќавања, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Пред тоа советниците од тој тогашен состав и претходните состави на Советот на општина Битола седниците ги одржуваа во салата кај Народна одбрана, која беше “залепена“ со старите простории на Општина Битила, каде беше сместени претседателот на Битола, а подоцна градоначалникот и органите на Општината.-Неколку децении салата со црвените кожни фотелји, во Народна одбрана беше местотоа каде се носеа важни одлуки за Битола, за битолчани, за големи проекти како “РЕК“, “Стрежево“, “Курделес, самопродонес, изградна на Нова Битола, нови патишта… раскажува Миновски и додава:-Претходно од пред неколку децении тука засадаваа членовите на Извршниот совет на Битола, а по децентрализацијата на Битола, тука заседаваа и донесуваа одлуки советниците од неколку Совети на Општина Битола. Но, таа сала во Народна одбрана не била само користена само за политички органи на Битола, тука имало и се одвивале и други содржини. Тука биле основачки собранија на политички партии, спортски, културни и други здруженија, спортски клубови, од тука се извршувале и пописи на битолчани, со еден збор тука биле сите случувања кои значеле за градот, вели Миновски.Но, поради оддалеченоста од Општината и лошата состојба на салата и околината тогашното раководство на општина Битола донесе одлука да се промени местото на одржување на седниците.Но, ова беше само привремено седиште на советниците, кои по некоја година добија нови современи простории, како сала на Советот на општина Битола, со помошни простории, поставена како анфитеатар, како трајно решение за советниците.Низ неколку фотографии ќе се потсетиме како беше на првата седница на 3. кат на Општина Битола, и секако да се потсетиме на некои советници од тој советнички мандат со кој претседаваше Лилјана Кузмановска.

More from БитолаMore posts in Битола »