Пелистер Волеј – Ускана 3:0
Одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола пред стартот на пролетниот дел на Првата лига одиграа пријателски натпревар против прволигашот од Кичево, екипата на Ускана, во салата на Медицинското училиште во Битола.
По пријателскиот натпревар тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски рече:
-Ова беше планиран пријателски натпревар во рамките на зимските подготовки кои го одработуваме во Битола. Забележавме убедлива победа на нашите девојки во вториот контролен натпревар пред почетокот на КУП натпреварите и пред продолжението на пролетниот дел од сезоната. Во средата нашите одбојкарки победија во интересен пријателски натпревар против екипата на Јанта Волеј КВ и тоа во пет сета, натпревар во кој од 0:2 направивме целосен пресврт за 2:3.
Веќе во среда на 3 февруари Пелистер Волеј е домаќин во прет-колото за КУП на Македонија, а во сабота во Скопје, во рамките на третото коло од Втора Фаза 2, гостува на екипата на Јанта Волеј Форца.
Пелистер Волеј во недела е домаќин на првиот турнир во пионерска конкуренција.






