Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола, 4 нови позитивни на ковид-19, оздравени 15, активни 142 случаи

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.540 тестирања, а регистрирани се 407 нови случаи на Ковид-19 од кои во Битола се 4.

Регистрирани се 399 оздравени пациенти од кои во Битола се 15.

Во ЦЈЗ Битола се направени 48 ковид тестови, а во Битола има 142 активни случаи, а досега биле или се позитивни на ковид се 3235 битолчани.

Досега во земјата се направени вкупно 459.559 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.160, бројката на оздравени пациенти е 82.520, на починати е 2.873, а бројот на активни случаи изнесува 7.767.

More from БитолаMore posts in Битола »