Press "Enter" to skip to content

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола: да читаме на глас за развојот на навиките и вештините за читање кај децата

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола како дел од своите програми, насочени  кон заедницата ги повика битилчани повикува да се придружите на Кампањата – Да читаме на глас организирана по повод Европската година на гласно читање, прогласена од Европската организација за унапредување на читањето EU READ,  нагласувајќи ја важноста на гласно читање во развојот на навиките и вештините за читање кај децата.

Методот на гласно читање е клучен за развојот на навиките за читање и подоцнежниот успех во училиштето и воопшто за успехот во стекнувањето знаења и вештини

Читањето на глас им овозможува на родителите, бабите и дедовците, браќата и сестрите, наставниците, роднините и пријателите да бидат пример за децата. На овој начин, нивната љубов кон книгата лесно им се пренесува на децата.

Читањето на децата на глас открива литература што можеби никогаш нема да ја откриете сами, како што се поезија, раскази, бајки и др, вели м-р Фатма Бајрам Аземовски, кој ги набројува и продобивките од читањето на глас:

Читањето на глас им овозможува на децата да се запознаат со литературен јазик кој е значително различен од секојдневниот говор или јазик што се слуша на телевизија, се чита во весници или се слуша на филмови. На овој начин, децата подобро ги разбираат сложените структури на речениците.

Читањето на глас им овозможува на децата да фантазираат за луѓе, места, времиња и настани што не ги сретнале или не ги доживеале.

Читањето на глас создава врска помеѓу детето и возрасниот што му чита, со што им се даваат заеднички теми за разговор. Говорењето и зборувањето помагаат во развојот на личноста.

More from КултураMore posts in Култура »