Press "Enter" to skip to content

Педагошки факултет и Библиотеката го одбележаа Светскиот ден на книгата и авторското право (фото)

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Педагошкиот факултет – Битола денес го одбележааа Светскиот ден на книгата и авторското правосо заеднички настан.Целта беше да се одбележи и прослави Светскиот ден на книгата и авторските права, поддршка на книжевноста и читањето и подигање на свеста за значењето на културата и авторските права.На почетокот на настанот се обрати директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ м-р Бојан Стефановски кој на почетокот ги поздрави сите присутни и се заблагодари на присутните и за дадената чест сите заедно да го прослават Светскиот ден на книгата и авторските права и додаде:-Светскиот ден на книгата и авторсктите права. Со славењето на книгите ние ги славиме пишувањето, читањето, со кои човекот се издигнува и се реализира, впрочем ја славиме слободата која ние ни ја овозможуваат. Нашата мисија останува да покаже колку се важни книгите и колку е прекрасна и убава работа да се биде библиотекар и да се препорачува на луѓето што да читаат.-Светскиот ден на книгата и авторското право е прекрасна прилика за сите нас да ја прославиме силата на писменоста, креативноста и значењето на книгите во нашите животи, рече доцент д-р Јосиф Петровски.Потоа следеше читање на македонската порака и порака од УНЕСКО од проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска и проф. д-р Биљана Цветкова Димов, читање на поезија од студентите на Педагошкиот факултет – Битола Марија Петровска, Игор Стојановски, Наталија Василеска, Михаела Вељаноска, Христина Микулек, Елена Чатлеска, Фросина Пројческа, Ана Анастасова, Стојанка Ќупчева, Ивана Христова и Ангела Павловска.На крај на настанот директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ м-р Бојан Стефановски и доцент д-р Јосиф Петровски на присутните им поделија по еден цвет.