Press "Enter" to skip to content

И денес мали бројки во Битола, двајца нови позитивни на ковид-19, тројца оздравени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2291 тестирања, а регистрирани се 350 нови случаи на ковид-19  од кои во Битола се забележани две лица позитивни на корона вирус.

Регистрирани се 266 оздравени пациенти од кои тројца пациенти од Битола.

Во ЦЈЗ Битола се направени 24 ковид тестови, а вкупно активни случаи во Битола се 141, а досега во Битола позитивни на ковид-19 биле 3.237 лица.

Досега во земјата се направени вкупно 461.850 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.510, бројката на оздравени пациенти е 82.786, на починати е 2.893, а бројот на активни случаи изнесува 7.831.