Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: родители од Битола ќе одговараат за “запуштање и малтретирање на дете“, децата згрижени

На 03.02.2021 во СВР Битола од Јавната установа меѓуопштински центар за социјална работа Битола, било добиено известување за постоење основано сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, од страна на родители на возраст од 23 години од Битола.

Од Јавната установа меѓуопштински центар за социјална работа децата биле згрижени, а при што во Клиничка болница – Битола им биле констатирани повреди.

За случајот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.