Денес, четврток, 4 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Температурата во Битола до 16 степени.
Утре, петок, 5 февруари, времето во Битола ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата во Битола до 16 степени.






