Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: тешко повреден градежен работник кој паднал од скеле на објект во изградба во Битола

Во СВР Битола од доктор од Итна медицинска помош Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола бил пренесен повреден Д.К. (27) од Скопје, при што по сведочење на З.К. (34), Д.К. паднал од скеле додека извршувал работни задачи  на објект во фаза на изградба во Битола.

Во Клиничка болница Битола од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е известен јавен обвинител и трудов инспектор.

Извршен е увид.