Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 346 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
На инфективното одделени во болницата во Битола, која од почетокот на ковид кризата е регионален ковод центар за овој регион, се хоспитализирани 19 пациент позитивен и суспектен на ковид-19, што е релативно мало бројка на заболени со оглед на тоа што во најголемиот пик на ковид-кризата изнесуваа околу стотина.






