Денес, сабота, 6 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер. Максималната температура ќе биде до 17 степена.
Утре, недела, 7 февруари, во Битола, времето ќе биде умерено до значително облачно. Ќе дува умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде до 17 степена.






