Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 15 нови позитивни на ковид-19, оздравени 5

Во последните 24 часа се направени 2727 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 од кои во се Битола  15 нови лица кои се позитивни на корона вирус.

Регистрирани се 101 оздравени пациенти од кои во Битола се  5.

Направени се 113 тестови во ЦЗЈ Битола, аво Битола заклучно со денес има вкупно 3.264 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 148 случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 468.845 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.599, бројката на оздравени пациенти е 83.735, на починати е 2.916, а бројот на активни случаи изнесува 7.948.