Press "Enter" to skip to content

Денес нема нови позитивни на ковид-19, оздравени 26, активни 122 случаи

Во последните 24 часа се направени 726 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19, а во Битола денес нема нови позитивни на ковид-19, а нема ни починати поради компликации од корона вирус.

Регистрирани се 1.440 оздравени пациенти од кои во Битола се 26 лица.

Со денешните бројки во Битола до сега има 3.269 лица кои биле или се позитивни на ковид-19 а, активни се 122 случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 471.417 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.871, бројката на оздравени пациенти е 85.439, на починати е 2.946, а бројот на активни случаи изнесува 6.486