Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријави за напад, напад на полициски службеник, сообраќајни контроли

На 07.02.2021 во СВР Битола двајца жители од Битола пријавиле дека додека собирале старо железо во близина на река Драгор во Битола биле пресретнати од трето лице кој вперил пиштол кон пријавителите. Сите три лица се лишени од слобода и се преземаат мреки за расчистување на настанот.

На 07.02.2021 во ПС Битола, двајца битолчани од Битола пријавиле дека по претходна расправија со употреба на дрвени предмети биле физички нападнати од нивните соседи. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 08.02.2021 во СВР- Битола битолчанец пријавил дека на 07.02.2021 околу 20.00 часот пред домот на Културата во Битола неговиот брат од Битола бил нападнат со употреба на остар предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 08.02.2021 околу 01.15 часот на ул. “Филип Втори Македонски“ во Битола бил приведен 33 годишник од Битола бидејќи нападнал и му упатувал закани со остар предмет на полициски службеник кој вршел службени дејствија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Битола на 05/06/07-02.2021 на подрачјето на СВР Битола извршиле контрола за алкохол ,брзина, поседување на возачка дозвола, некористење на сигурносен појас, користење на мобилен телефон, техничка неисправност на возилата, при што било констатирано дека 57 возачи управувале возило со повеќе од дозволената брзина, 35 возачи управувале под дејство на алкохол при што истите с еотсртанети од сообраќај. Нерегистрирани биле 11 возила,а додека 32 лица управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. На мобилен разговарале 10 возачи ,а три возачи не користело сигурносен појас. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from БитолаMore posts in Битола »