Денес, вторник, 9 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места над 60 км/час. Температурата во Битола до 14°С.
Утре, среда, 10 февруари, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен јужен ветер. Температурата во Битола до 13°С.






