Денови заврши хуманитарната акција на едикативниот центар за странски јазици “ABC School“ од Битола, а сите подготвени хуманитарни пакети беа предадени на општинската организација на Црвен крст од Битола, кои понатаму ќе ги дистрибутираат до лицата од ранливите категории.
-Да се сподели, дарува и помогне треба да се научи уште од најмали нозе. Заложбата на “ABC School“ е да биде дел и од воспитувањето на своите најмали ученици во свој контекст, резултираше со оваа акција. Голема благодарност на родителите, Црвен Крст – Битола и сите останати кои ја разбраа мојата идеја и помогнаа во нејзината реализација, ни рекоа во “ABC School“ од Битола, кои порачаа:
-Да се дарува е доблест, а проследувањето на оваа информација не значи да се покажи што направи “ABC School“ туку да послужи како пример и инспирација за останатите.

“ABC School“ со своите најмали ученици со донација за ранливите категории (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Јован Дојчиновски – сопственик на “АБЦ Дојчиновски“: подготвени влегуваме во оваа грејна сезона со потребните количини пелети
- Во Битола промеливо облачно, температурата до 16 степени
- “КС Групација“ ја реализираше 19-тата крводарителска акција во Битола
- Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на “ауди“
- Во Битола се одржа манифестацијата посветена на руралната жена





