Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност

Денес, среда, 10 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.  Максималната температура во Битола ќе биде до 14 степени.

Утре, четврток, 11 февруари, во Битола времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили. Максималната температура во Битола ќе биде до 14 степени.