Во последните 24 часа се направени 2445 тестирања, а регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 13.
Регистрирани се 998 оздравени пациенти од кои од Битола се 18.
Досега во земјата се направени вкупно 476.725 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.736, бројката на оздравени пациенти е 86.844, на починати е 2.959, а бројот на активни случаи изнесува 5.933.






