Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола облачно со врнежи од дожд, од утре заладување

Денес, четврток, 11 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, со можност да бидат  поројни и пообилни (над 20 л/м2) проследени со силен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили. Температурата во Битола до 12 степени.

Утре, петок, 12 февруари, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 1 степен.