Press "Enter" to skip to content

Силниот ветер кој дуваше ноќеска искрши дрвја во градскиот парк во Битола (фото)

Силниот ветер кој беше најавен од страна на метеоролозите во Битола се случи ноќеска по 1 часот по полноќ, а поради силината на ветрот и посилните удари ги вознемири битолчани.Од ветрот настрадаа и се оштетени покриви на куќи низ Битола, лимени гаражи, дрвја низ парковите кои се откорнати и искршени, а се откорнати и кабли, а дел од Битола немаше и електрична енергија.Силниот ветер ги оштети дрвјата и во градскиот парк во Битола, каде се искршени дрвја кои се паднати на патеките и тревниците.Според некои информации ветрот во Битола беше со над 70 километри на час, со налети и со поголема брзина.