Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2596 тестирања, а регистрирани се 367 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 6.
Регистрирани се 202 оздравени пациенти, а во Битола денес нема регистрирано оздравени и починати лица
Во ЦЈЗ Битола се направени 91 тест за ковид-19, а во Битола денес има 133 активни случаи. До сега има 3.310 лица од Битола кои биле или се позитивни на ковид-19.
Досега во земјата се направени 482.026 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223.






