Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола студено со врнежи од снег

Денес, сабота, 13 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во ноќните часови. До крајот на денотќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до -3°С.

Утре, недела, 14 февруари, во Битола, времето ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, пообилни претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до -3°С.