Во последните 24 часа се направени 1.814 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола има еден регистриран позитивен на корона вирус.
Пријавени се вкупно 13 починати лица, еден смртен случај е пријавен од Битола на 70 години.
Регистрирани се 206 оздравени пациенти од кои во Битола 3.
Досега во земјата се направени вкупно 486.961 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411.






