Деновиве во Битола, Факултетот за безбедност – Скопје, членка на УКЛО – Битола како партнер во меѓународниот проект ВЕКТОР, финансиски поддржан од НАТО СПС програмата спроведе кампања за зголемување на свесноста кај граѓаните за опасноста од неексплодирани убојни средства.
Кампањата се реализира во соработка со Отсекот за превенција при СВР Битола и подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување. Од Отсекот за превенција се вклучија Сашо Гилевски, началник на Отсекот за превенција и инспектори од Отсекот, а од Дирекцијата за заштита и спасување Ѓорѓи Стефанов, пиротехничар и Елизабета Апостоловска од подрачната единица во Битола.
Во текот на кампањата активно беа вклучени и студентите од Факултетот за безбедност: Елена Степановска, Емилија Тасевска, Наталија Огненова, Ули Бајрами, Тома Христовски
и Муки Етемовски Преку кампањата, на граѓаните на Битола им бea поделени флаери и им беа посочени конкретни препораки и упатства како да постапат доколку пронајдат вакви средства.
Постапувајќи според овие упатства граѓаните го даваат својот придонес за зголемување на безбедноста и намалување на ризикот по животот и здравјето, како за себе и за своите најблиски сограѓани, така и за средината во која живеат и работат.






