Денес, среда, 17 февруари, во Битола, беше најстуден со -22 степени, а за денес метеоролозите прогнозираат дека времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и во вечерните и ноќните часови ќе има повремен слаб снег. Температурата во Битола до -3 степени.
Утре, четврток, 18 февруари, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во Битола до -1 степени.






