Во последните 24 часа се направени 2.345 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на Ковид-19 од кои во Битола се 9 нови лица кои се позитивни на корона вирус.
Регистрирани се 309 оздравени пациенти, и тоа од Битола се 7.
Направени во ЦЈЗ Битола се 61 ковид-19 тестови, а во Битола денес има 127 активни случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 494.719 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.174, бројката на оздравени пациенти е 88.778, на починати е 3.018, а бројот на активни случаи изнесува 6.378.






