Денес, сабота, 20 февруари, во Битола, според прогнозите на метеролозите на Управата за хидрометеолошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта повремени слаби врнежи од дожд. Температурата до 8 степени.
Утре, недела, 21 февруари, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Температурата до 9 степени.






