Денес на пладне Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола на плоштадот “Гоце Делчев“ во Битола започна да ја реализира иницијативата за собирање на потписи за поништување на законот за попис.
Според организаторите, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ова се прави заради како што велат, власта насилно и нетранспарентно го туркаше законот за попис, злоупотребувајќи европско знаменце воскратената собраниска постапка.
ВМРО-ДПМНЕ конструктивно предложи да го подобори законскиот текст, а додаваат дека за релевантноста на резултатите потребен е врзан потпис на директорот и заменик-директорот на ДЗС доволно покажува дека се работи за политички пазар.
За оваа иницијатива граѓаните од Битола ќе можат својот потпис да го дадат на плоштадот “Гоце Делчев“ од 12 до 15.






