Во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 16 нови позитивни на корона вирус.
Регистрирани се 215 оздравени пациенти од кои од Битола се 5 пациенти.
Во ЦЈЗ Битола се направени 92 ковид-19 тестови, а бројот на активни случаи во Битола е 156, а вкупно 3.392 лица биле или се позитивни на ковод-19.
Починати се 13 лица од кои еден пациент од Битола на 71 години во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223. Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19.






