Press "Enter" to skip to content

Фото вест: за некои работи нема лек, искршен дел од “Битола“ во паркот кај Саатот

Некои навики тешко се менуваат во свеста на битолчани, ако се битолчани, посебно кока станива збор за оштетувањето на општествениот имот низ Битола, без разлика каде се наоѓа во центарот или во други населби.

Секојдневно сме сведоци на уништуваше, кршење на урбана опрема, автобуски стојалишта, а последно некој неодговорен започна да го уништува и новиот светлички симбол “Битола“ кој се наоѓа во паркот кај Сатот.

Оваа светлечка реклама “Битола“ не издржа ни пет месеци, беше поставена на 4 ноември 2020 година, а досега битолчани и другите намерници направија илјадници “селфи“ фотогафии.