Press "Enter" to skip to content

“Јас имам талент“ – ден посветен на граѓанското образование во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Во рамки на Отворениот ден на граѓанско образование во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Битола беше избрана темата за поддршка на учениците кои се надарени, талентирани и учествуваат на натпревари од различни предмети и области, секции, ученички клубови, претставувајќи го училиштето во заедницата.Реализатори и носители на активностите беа ученици од 9 одделение, со поддршка на тимот кој ги осмислува и спроведува активностите за Денот на граѓанско образование. Во тимот се вклучени директор, педагог, психолог, наставник по граѓанско образование и наставник по информатика.Во рамки на наставата на далечина беа реализирани  разновидни активности во паралелките од 5 до 9 одделение, а главен настан со мото “Јас имам талент“ беше организиран во 5 и 6 одделение. На истиот талентирани ученици ги презентираа своите способности, интереси, афинитети, хоби… Учениците се претставија со своите таленти за уметност, глума, спорт, креативно пишување, информатички способности, јазични способности, преку презентации, видеа цртежи, анимации…Модератори на настанот ученичките Михаела Лазаров и Лина Продановска од 9 в одделение со поддршка на психологот во училиштето, а целта на настанот беше поддршка и промоција на талентираните ученици во училиштето и надвор од него и подигање на свеста за значењето на раното препознавање на талентирани и надарени ученици.Покрај главниот настан за промоција на таленти, се организираа повеќе активности и тоа презентација на тема „Развој на сопствените способности, знаења и интереси“ – Информиран, одговорен граѓанин која ја презентираа ученичките од 9 а одделение Дамијана Ристевска и Таиса Трампевска со поддршка на педагогот.Презентацијата беше реализирана меѓу учениците од 5 и 8 одделение со дискусија и се пренесе порака: добро би било нашите способности, надареност и талент да ги развиваме, надградуваме и да ги поврземе со избор на нашата идна професија“.  Беа спроведени и анкетен прашалник за интересите и афинитетите на учениците со кој беа опфатени учениците од 7 одделение и Прашалник за организирани активности во училиштето и надвор од него (секции, клубови, додатна настава) за учениците во 8 одделение.Активностите кои беа спроведени за Денот на граѓанско образование беа следени од Д-р Лидија Кондинска советничка во БРО Битола и Ана Ралева претставник од МЦГО.