Press "Enter" to skip to content

10 нови позитивни на ковид-19 во Битола, оздравени 5 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 10.

Регистрирани се 374 оздравени пациенти од кои во Битола се 5.

Направени се во ЦЈЗ Битола 81 ковид-19 тестови, а во Битоласе активни 161 случај.

Досега во земјата се направени вкупно 512.692 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.214, бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418.