Press "Enter" to skip to content

Фото вест: зградата на општина Битола во боите на ретките болести

И зградата на општина Битола вчера вечер беше обоена во боите на ретките болести како дел од кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“ со која се дава поддршка на лицата кои боледуваат од ретки болести.

Со ова општината и градот Битола се приклучуваат кон глобалниот повик на „Еурордис“ за осветлување на локални и национални згради и споменици.

Во февруари којшто е месец со најмалку денови во годината се запознавме со нови 28 ретки дијагнози преку аудио, видео и текстуална форма со цел да се запознаеме со предизвиците со кои се соочува оваа категорија луѓе.

Во Светот во месец февруари се реализираат низа активности со цел да се поддржат лицата коишто боледуваат од ретки болести.

More from ВестиMore posts in Вести »