Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола облачно и посвежо со врнежи од дожд

Денес, понеделник, 15 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Упрвата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, на места со ретки грмежи. Поради продор на студена воздушна маса кон крајот на денот и во текот на ноќта можни врнежи на снег. Од пладне ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови нагло намалување на дневните температури. Температурата во Битола до 9 степени.

Утре, вторник, 16 март, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен северозападен ветер. Температурата во Битола до 7 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »