Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес ја закажа 71. седница на Советот на Општината Битола со почеток во 10,оо часот, а истата ќе се одржи “online3 преку апликацијата ZOOM како и претходните седници.
За денешната седница ќе се расправа за Буџетот на Опптина Битола, завршната сметка на Општината, програма за економски развој…
На дневниот ред ќе има 16 точки:
1. Квартален Извештај за извршување на Буџетот на Општината Битола за четвртиот квартал од 2020 година.
2. Завршна сметка на Општината Битола за 2020 година.
3. Годишен извештај на Општината Битола за 2020 година.
4. Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2021 година.
5. Одлука за определување на висината на благајничкиот максимум.
6. Програма за измена и дополнување на Програмата за економски развој на Општина Битола за 2021 година.
7. Одлука за промена на припадност на дел од Ул.„8-ми Септември“ Битола.
8. Одлука за промена на припадност на дел од Ул.„Битолска“ с.Кравари.
9. Одлука за промена на припадност на дел од Ул.„Гоце Делчев“ с.Кравари.
10. Правилник за искористување на средства од Програма за социјална заштита на Општина Битола во делот на инфраструктура за лице со попреченост во домот на лицата.
11. Измена и дополнување на Планот за вработување за 2021 година, во ЈП „Пазари“Битола.
12. Годишен план за вработување во ОУ „Александар Турунџев“ с.Кукуречани, Битола за 2022 година.
13. Измена на Годишниот план за вработување за 2021 година, во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“Битола.
14. Решение за давање согласност на Плановите за упис на ученици во I-ва година во средните училишта на подрачјето на општина Битола за учебанта 2021/2022 година.
15. Решение за давање согласност за распределба на средства во средните училишта во Општина Битола за 2021 година.
16. Решение за давање согласност на Одлуката за донесување Правилник за изменување и дополнување на Прав илникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Естреја Овадија мара“Битола.






