Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 4.094 тестирања, а регистрирани се 1.293 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 46 лица позитивни на корона вирус.
Регистрирани се 339 оздравени пациенти од кои во Битола се 4.
Пријавени се вкупно 24 починати лица од кои еден пациент во Битола починат во домашни услови.
На инфективното одделние во Битола кое е Ковид центар за регионот хоспитализирани се 63 пациенти, кое се позитивни или суспектни. Во последните 24 часа биле примени нови 8 пациенти, а од болница биле испишани 2.
Направени ковид-19 тестови преку ЦЈЗ Битола 97.
Битола 3.802 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 364 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 575.162 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, а бројот на активни случаи изнесува 12.819.






