Денес, четврток, 18 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеролошки работи, времето ќе биде умерено до повремено значително облачно. Ќе дува умерен северозападен ветер. Од крајот на денот од југ ќе се прошири облачност со повремени врнежи. Температурата во Битола до 9 степени.
Утре, петок, 19 март, во Битола, времето ќе биде умерено до значително облачно. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во Битола до 10 степени.






